Нова светска сила: Оваа земја шест дена ќе го покажува своето големо вооружување

26 декември, 20140
5
Властите потврдиле дека започнале со големи воени вежби кои ќе траат вкупно шест дена. Во вежбите ќе учествуваат сите гранки на иранската војска. За време на одржувањето на вежбите, ќе се тестираат новите вооружувања.

Воените вежби кои започнале да се одржуваат денес на вкупно 2,2 милиони квадратни километри. Иранската морнарица со воените бродови и подморници ќе вежба на просториите од Хормушкиот залив до Омаското море на југоистокот на земјата.


Од иранската војска истакнуваат дека за време на вежбите планираат да ги претстават новите ракетни системи, кои би требало да станат составен дел од иранската одбрана. Потсетуваме и дека од Иран порачале уште во септември дека наскоро ќе ги претстават новите радарски системи, кои ќе имаат можност за следење на многу мали објекти, вклучувајќи и дронови од помали димензии.

Една седмица пред почетокот на актуелните воени вежби, шефот на иранската морнарица ги повикал сите странски сили, за време на траењето на вежбите, да ја напуштат зоната во близина на одржувањето на истите, истакнувајќи притоа дека “Иран не претставува закана за нив на просторот на Персискиот залив”.

Генералот на иранската војска, Абдолрахим Моусави, истакнал дека воените вежби всушност праќаат порака за “пријателство и мир”.

Последните големи воени вежби во Иран се одржале во мај 2013. година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi