Подемот на рускиот претседател Владимир Путин: Од сиромаштија до најмоќната личност во светот

26 декември, 20140
4
Владимир Путин е една од личностите кои што во изминатиот период се најзастапени во светските медиуми, а своето огромно влијание во светот, тој не го стекнал преку ноќ.

Подемот на рускиот претседател Владимир Путин е исполнет со шпиони, вооружени конфликти, олигарси, награ и секако, џудото. Интернет порталот ”Business Insider” донел преглед за тоа како некогашниот “никој и ништо” се претворил во најмоќниот светски лидер.


Имено, Владимир Владимировиќ Путин е роден на 7 октомври 1952 година во Ленинград. Тој бил единствено дете на одликуван воен ветеран и работничка во фабрика, кои живееле во сиромашно предградие на Ленинград.

Путин растел во мал дом од советски тип, кој што неговото семејство го делело со уште други две семејства.


Во тинејџерските денови, Путин работел во училишната радио станица, каде што постојано пуштал музика од “The Beatles” и од останатите западни рок бендови. Сепак, негови најдраги песни биле советските, затоа што тој отсекогаш бил длабоко конзервативен.

Уште од најрана возраст Путин го покажал својот талент во џудото, а бил и училишен првак во 1974 година.


Денес љубовта на Путин кон џудото се споредува и со неговата надворешна политика: “За разлика од шахот, џудо борецот не треба да го чека потегот на противникот. Неговата стратегија е да чека, се додека не се укаже прилика за само еден удар, по кој секогаш следи еден чекор наназад. Успешните џудо борци мора да ја предвидуваат акцијата на своите противници, брзо да реагираат и да се обидат истата да ја оневозможат”, коментираат експертите.

Путин од страна на КГБ бил испратен во Дрезден, каде што живеел под името “господин Адамов”. Тој уживал поминувајќи го времето со Германците, од кои што се воодушевувал, поради нивната дисциплина. За својата служба во КГБ, Путин бил одликуван со бронзен медал.


По падот на Берлинскиот ѕид, Путин се вратил во Русија, каде што се вработил кај првиот демократски градоначалник на Ленинград, воедно и негов професор по право, Анатолиј Собчак.

За време на својот престој кај градоначалникот, Путин го добил прекарот “сивиот кардинал”, односно бил незаменлив за својот некогашен професор. Во раните деведесетти тој бил под истрага поради фаворизирањето во издавање на лиценци за увоз и извоз, меѓутоа случајот бил брзо отфрлен поради “недостаток на докази”. Кога Собчак изгубил на изборите, Путин одбил да работи за неговиот наследник.


“Попрво ќе бидам обесен поради лојалност, отколку награден поради предавство”, изјавил тогаш идниот руски претседател. Семејството на Путин набрзо потоа се преселило во Москва, каде што тој за кратко време успеал да се искачи на врвот на ФСБ, наследникот на КГБ.

Во 1998 година Борис Јељцин го именувал Путин за претседател на ФСБ. Тоа било работа која претседателот ја давал на луѓе во кои што има најголема доверба.

Она што е особено интересно е фактот дека Путин не е премногу голем љубител на Москва, која ја смета за “преевропски” град. И покрај се поголемиот обем на работа, во 1997 година тој успеал да докторира економија на Универзитетот во Санкт Петербург.


Сепак, подоцна неговата диплома била доведена во прашање, затоа што многумина велеле дека тој воопшто не се разбира од економија. Во 1999 година, Путин бил именуван за премиер на Русија од страна на Јељцин. Неговата популарност тогаш изнесувала само 2% затоа што Јељцин за помалку од две години, променил пет премиери.

Во текот на истата година, Јељцин неочекувано се откажал од претседателската функција, а каков негов наследник бил прогласен Владимир Путин. Многумина веруваат дека Јељцин го исфрлил Путин на површина за да се заштити себе си, затоа што војната во Чеченија ја доживувала својата кулминација, а неговата поддршка се намалувала. Воедно,е дна од првите одлуки на Путин како претседател била и онаа за доделување имунитет за Јељцин од криминални и административни истраги.

 


Во првиот претседателски говор, Путин ветил слобода на говорот, слобода на совеста и право на приватна сопственост.

Во својот прв мандат Путин се посветил на домашните проблеми – војната во Чеченија и олигарсите кои останале по Јељцин, кои што го ширеле своето политичко влијание. Со овие луѓе Путин направил договор – нема да им се меша во нивните бизниси, се додека тие не се мешаат во политиката и не го критикуваат него како претседател.


Во 2002 година, театарот во Москва бил заземен од страна на 40 чеченски милитанти и во текот на тридневната опсада, биле убиени 129 од 912 заложници.

Тоа бил и одлучувачкиот момент со Путин, кога неговото немилосрдно решавање на опсадата и одбивањето на преговорите со киднаперите го направиле неверојатно популарен, добивајќи 83% од поддршката на Русите.


Во 2004 година Владимир Путин повторно бил избран за руски претседател, а во новиот мандат тој исто така продолжил да се ангажира околу домашните проблеми. Во текот на неговите два мандати, руското господарство пораснало со неверојатна брзина. Рускиот БДП пораснал од 70 на 125%, ослонувајќи се на нафтата.

Во 2008 година Димитриј Медведев бил именуван за нов руски претседател, а тој само еден ден подоцна го именувал Путин за премиер. Но, дошол период во кој што Русија запаѓала во огромна финансиска криза. Руската економија во голема мера зависела од западните вложувања, па уште еднаш се покажало колку нафтата и гасот се важни за руското господарство.

 


Во 2012 година Путин го освоил својот трет претседателски мандат со 63,6% од гласовите. Секако, околу овие избори се појавиле и голем број на контроверзии, доведувајќи го неговиот трет мандат во прашање, а критичарите веруваат дека станувало збор за фалсификувани избори.

Во март годинава Путин во Крим спроведе еден од најкомплицираните и најконтроверзни геополитички потези во историјата. Украинскиот премиер Виктор Јануковиќ му испратил писмо на Путин во кое што побарал да ја искористи руската војска за повторно да воведе закон и ред во Украина.


Рускиот парламент му го одобрил користењето на воените сили, а на 2 март Русија ја презеде целосната контрола над Крим. Само 14 дена подоцна, поголемиот дел од Украинците изгласале отцепување на Крим од Украина и негово припојување кон Русија.
Во изминатиот период Путин интензивно бара начини за подобрување на односите со Кина, пред се затоа што на Русија и се потребни нови трговски партнери поради западните санкции.

Според ”Forbes”, Путин е најмоќната личност во светот 2014 година. Интересно е тоа што кога бил заменик градоначалник на Санкт Петербург, луѓето го нарекувале “шеф”, меѓутоа денес за многумина тој е ”цар”. Никој не е целосно сигурен во тоа кој е следниот чекор на Путин, меѓутоа со оглед на тоа што размислува и за четврт претседателски мандат, тој е лик кој уште долго ќе биде присутен на светската политичка сцена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *