Откријте која е вашата животна порака

popara23 септември, 20141min00
9

Каде сакате да го поминувате своето време – во урбана средина или природа? Според моќта на визуелната привлечност, сега можете да ја откриете животната порака за поквалитетен живот.

odberete-edna-slikicka-i-otkrijte-koja-e-vasata-zivotna-poraka-01.jpg

Доволно е да ја одберете првата сликичка која ќе ви го привлече вниманието и да откриете каков живот живеете, а каков би сакале да живеете.

Каде залутаа вашите очи?

.

.

.

.

.

.

Слика 1

Полињата со трева се прекрасен пример за живот кој се движи по својот природен пат. Вие сте интелигентна личност која е родена под среќна ѕвезда. Уживате додека сте сами и сакате да размислувате за се што ви се случува во животот.

Порака: Животот може да биде позитивен и негативен, светол и темен, среќен и тажен. Дури кога тоа ќе го научите, ќе се збогатите со позитивен став. Научете дека давањето добрина може да ви го збогати животот.

Совет: Време е активно да поработите на своето емоционално заздравување. Не се плашете да се ослободите од нерешената болка. Дури кога вашите чувства ќе испливаат на површина, ќе се чувствувате спокојно.


Слика 2

Камените плочки по кои одите се ваша потпора. Вие сте личност на која и е потребна поддршка, затоа што лесно подлегнувате на надворешните влијанија.

Порака: Време е да ги совладате своите стравови. Без оглед на тоа од што се плашите, секогаш постои позитивен пристап кон работите. Престанете да гледате надолу и кренете ја главата. Длабоко во себе, вие сте силна личност, треба само да верувате во тоа. Најмоќното оружје кое го поседувате е вашиот ум.

Совет: Знајте дека и кога се чувствувате заглавени, заробени и збудени, работите постојано се менуваат. Не постои стоење во место.


Слика 3

Светла, музика, возбуда… Вие сте личност која сака да ја ослободи својата креативна страна. Сакате да бидете опкружени со многу луѓе, но исто така сакате и да бидете видени и чуени.

Порака: Важно е да се сетите дека природната средина е најдобар извор на креативност. Моментално треба да се сконцентрирате со повторно поврзување со природата и со самите себе. Создадете здрава рамнотежа во животот.

Совет: Најдобар начин да живеете креативно е да си дозволите да се изразите на сите можни начини. Не ги потиснувајте идеите. Ако сакате да пеете – викнете гласно. Ако сакате да танцувате, направете го тоа каде и да сте.


Слика 4

Мир и спокој. Едноставноста на облиците е она што ве привлекува. Вашиот ум и тело бараат да одвоите повеќе време за медитација и опуштање.

Порака: Време е да го послушате срцето и да ги следите неговите желби. Кога го слушате срцето, вашиот дух се зајакнува и станува поврзани со надворешниот свет кој инаку го обожавате. Користете ја интуицијата. Не се сомневајте во внатрешните пораки, тие најчесто се точни.

Совет: Ако не го слушате своето срце, сигурно ќе се движите во погрешен правец. Кај вас, разумот не секогаш е најпаметна варијанта.


Слика 5

Прекрасните есенски листови претставуваат нов почеток. Сите луѓе околу вас ги доживувате како листови кои ги менуваат боите, па се чувствувате богато, исполнето и задоволно.

Порака: Морате да одморите. Земете пауза од се што ви ја црпи енергијата. Оставете им по некој обврска и грижа на другите, барем на кратко. Сконцентрирајте се на она што сакате да го правите. За вас важна е рамнотежата, а чувството на заробеност е нездрав начин на живот.

Совет: Дозволете си да уживате во креативноста. Не се воздржувајте од ништо, мислејќи дека тоа не е за вас. Ако едно утро се разбудите со желба која сакате да ја остварите – направете го тоа. Нека ве води сопствениот дух.


Слика 6

Животот и енергијата во шумата се недопрени, има поголеми вибрации и е духовно позитивен. Вие сте душа на која и е потребно време за размислување, а потоа и делување.

Порака: Знајте дека сте сакани, дури и кога никој не ви го кажува тоа. Ако се чувствувате сами и неразбрани, не запаѓајте во депресија. Испратете љубов за да добиете љубов, тоа е најдоброто правило кое треба да го примените.

Совет: Кога делувате онака како што мислите дека е правилно, постигнувате големо задоволство. Затоа, почесто следете ги мислите и интуицијата, ако сакате да привлечете исти луѓе како вас.


Слика 7

Прекрасен ден за смирување во природа. Прекрасното сино небо не покажува загриженост за олуите во вашиот живот. Вие сте личност која се чувствува сигурно и ретко се откажува од вообичаената рутина.

Порака: Вие имате моќ на направите се, а се што треба да направите е да се обидете. Откријте ги своите чувства. Сакате љубов, здравје, богатство? Кога знаете што сакате, тоа и ќе го добиете.

Совет: Кога ќе ги поставите своите намери, испраќате порака барајќи тоа и да се оствари. Во овој случај, не потпаѓајте под туѓи влијанија.


Слика 8

Оваа слика е креативна, но и напната. Оваа сцена е одличен пример за личност со изразено его. Од време на време знаете да се почувствувате неодлучно и збунето, најчесто кога се соочувате со големи проблеми.

Порака: Бидете поотворени. Не е се црно или бело, нити би требало да биде. Морате да носите одлуки кои се темелат врз гледишта од секој агол. Тоа е единствен начин на кој ќе останете смирени.

Совет: Искрено помирете се со она што го цените и вреднувате во животот. Направете чекор и поврзете се со луѓето кои ги чувствувате блиски. Слушнете ги сите совети кои ќе ги добиете, но на крајот вие донесете ги конечните одлуки.


Слика 9

Совршените цветови симболизираат задоволство. Вие сте личност која ужива во среќата и мирот. Зафатени сте со секојдневни активности и сакате кога тие се уредно завршени. Често се преокупирани со задачи, па никогаш работите не течат спонтано.

Порака: Време е да му се препуштите на животот и да оставите патот да се отвори пред вас. не се грижете за тоа кој ќе биде следниот чекор. Кога се грижите, сами си создавате препреки.

Совет: Без оглед на тоа колку животот понекогаш е тежок, не се откажувајте. Најдобриот ден во животот може да се случи веќе утре, запаметете го тоа. Цветот мора да се пробие низ темнината на земјата, пред да се претвори во неверојатно прекрасна појава.