Ова е најдобриот клуб на светот каде журките траат по три дена

31 октомври, 20140
12
Берлинскиот техно клуб „Berghajn“ е познат по своите револуционерни звуци и светлосни ефекти.

Во овој клуб пуштаат музика најдобрите светски диџеи, и важи за клуб во кој е тешко да се влезе, не затоа што не сте славни, туку затоа што не сте доволно „луди“.

Клубот се отвора во петок навечер и во него журките траат без престан, до понеделник наутро. На темниот подиум бескрајните журки како да не престануваат. Во 30 минути по полноќ клубот е веќе преполн, а таму некои остануваат цел викенд.


Овој објект е направен во индустриска зона, во зградата на некогашна електрана, а во него строго е забрането фотографирањето, па оние кои не биле внатре, објектот можат да го видат само од надвор.


Славниот„Berghajn“ ги привлекува најугледните диџеи на светот и прогласен е за најдобар техно клуб на светот. Благодарение на овој клуб Берлин во последните години стана престолнина на најдобрите забави. Овој клуб е и една од најголемите туристички атракции на градот.


Кога му приоѓате од надвор, никогаш не би рекле дека во таа стара, напуштена фабрика може да се прави така добра забава. Зградата е толку голема, така што и после неколку дена поминати во клубот можете да откриете нови простории и скали. Исто така, клубот го има еден од најмоќните систем-озвучувања на светот.

Клубот може да прими 1500 луѓе, а на посетителите пијалаците им се сервираат преку скриени подземни тунели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi