Оваа жена преживеала садизам сличен на оној од „50 нијанси на сиво“!

18 декември, 20140
10

Приказната за Кристијан Греј и Анастасија Стил не е ни малку нереална. Тоа го потврдува една жена која својата приказна ја раскажала под псевдонимот Лили Темперли.

Fetiši vezivanje BDSM | Foto: ProfimediaЖивот во златен кафез

Токму како и Анастасија, Лили била млада и убава девојка која ја освоил маж кој почнал да ја контролира, а на крајот спрема неа се поставил и диктаторски. Почнал да и наредува како да го поминува времето, како да се однесува и како да се разубавува за него. Разликата е единствено во тоа што Лили не се омажила за него, туку ја напуштила работата која била добро платена, а тогаш побегнала од сето тоа емоционално скршена.

Лили работела во една лондонска банка во која Патрик бил еден од извршните директори. Тој имал репутација на женскарош, канцеларија на врвот на зградата и огромна сметка во банка.

Тој бил еден од многуте што живееле така. Не знам дали нивните жени знаеле за тоа или живееле во несознание. Тие богати и полни со самодоверба мажи од работа излегувале ставајќи го прстенот во џеб. На дамите и купувале шампањ и очекувале награда за тоа на крајот на вечерта. Или со себе ги воделе секретарките на пат, а преку седмицата биле семејни луѓе.

На еден од такви групни излегувања, после работа зачинето со многу алкохол, ми се доближи Патрик. Многу брзо ми стави до знаење дека сака да ме изведе на вечера, беше шармантен и многу елоквентен. На почетокот се обидов да дадам отпор, но полека и сигурно отпадна со луксузни подароци и неверојатни патувања, кои ги гледав како доказ колку силно ме посакува, но и како доказ дека му е грижа.

До тогаш бев реалистична жена која сакаше да оствари некој цел во својата кариера, да пронајде добар партнер и да се скраси, но поради него ја изгубив главата. Наскоре ме водеше по хотели со пет ѕвезди, од Њујорк до Тоскана, Париз и Кариби. Знаеше кој број на облека носам, ми купуваше Долче и Габана, Прада и бројни други фустани. Беше многу конкретен, ми рече дека сака да носам краток коктел фустан или некој долг припиен за телото. Морам да признаам дека ми беше неверојатно толку да патувам и уживав во сите тие работи.

Но целиот тој луксуз всушност беше маска за мрачната страна на личноста на Патрик. Наскоро почна да ми наредува што да облечам, каква фризура да направам, па дури и која боја на лак за нокти да ја изберам. Еднаш дојдов со француски маникир, а тој решително рече „Реков да бидат црвени“. Тоа беше само доказ колкава контрола сакаше да има над мене. Таа желба за контролирање се пренесе и на нашиот сексуален живот, а вршеше притисок на мене да се впуштам во разни сексуални игри кои не ги сакав. Имаше огромно либидо и дури се обидуваше и да ме присили да отидеме на свингерска журка. Освен со мене, во исто време сигурно спиеше со уште многу жени, па и проститутки.

Кога нивната работа ја погоди економската криза, Патрик продолжи да се расфрла со пари и почна да го контролира секое нејзино движење. Затоа Лили одлучила да ја напушти работата и него. Тој не сакаше тоа да го прифати, па Лили неколку пати морала да го менува бројот, како и адресата на електронската пошта како би побегнала од неговите обиди да воспостави контакт со неа. Дури две години подоцна откако стави крај на аферата, Лили се почувствува слободна.

Сега своето искуство го преточила во книга под име „Sex, Lies & Banking“. Со неа сака да ги предупреди другите жени да бидат попаметни од неа и да не влегуваат во односи во кои може да биде нарушена самодовербата и после кои со години ќе го бара внатрешниот мир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş