Прочуената британска компанија за луксузни мобилни телефони Vertu сега има ново, екстремно скапо технолошко достигнување.
Во соработка со Бентли, беше претставен новиот паметен телефон кој чини 13.450 евра, или поточно колку 20 нови iPhone 6-ки на британскиот пазар.
Иако телефоните на компанијата Vertu не отскокнуваат од просечните паметни телефони, препознатливи се по рачната изработка и имаат потпис на творецот во внатрешноста.
Исто така, овој пат нивниот дизајн е специфичен и екстравагантен, благодарение на препознатливото лого на Бентли изработено од дијаманти.
Изработен од титаниум и обложен со кожа, моделот „Vertu for Bentley“ нуди и услуги како личен асистент.
Така, на пример ако сакате да одите на концерт за кој картите се веќе распродадени, треба само треба да се јавите на одреден број и да го кажете вашето барање. Луѓето од Vertu тврдат дека овие лични барања сега се лесно остварливи.
Погледнете го видео претставувањето на овој фантастичен модел: