
Егерт минатата година паднала во долгови и морала да прогласи личен банкрот,
но не се предала и започнала сопствен бизнис.
Таа продава сладолед на улиците во Лос Анџелес.
Поранешната ѕвезда на “Baywatch” со години по серијата се борела со вишокот килограми.
42-годишната Никол Егерт повеќе не е дебела и сега вози камион со сладолед.

Актерката, која со улогата на Самер Квин стекнала статус на секс-бомба, минатата година прогласила личен банкрот,
но не се предала.
Започнала сопствен бизнис, и сега вози камион низ улиците на Лос Анџелес и продава сладолед.
На социјалните мрежи објавува каде застанува, за нејзините обожаватели да можат од неа да купат сладолед.

Никол во популарната серија “Baywatch”, на песочните плажи трчала покрај Памела Андерсон и Кармен Електра,
а тогаш била на врвот на својата слава.
Откако ја родила својата ќерка Дилан во 2000-тата година, се борела со вишокот на килограми,
кои негативно влијаеле на сите аспекти од нејзиниот живот.
Се обидела неколку пати да ослабе и пред камерите.
Во 2011-тата година ја родила и втората ќерка Киген,
па со помош на експерти успеала да се ослободи од вишокот килограми.

