Првите официјални фотографии од Audi Roadster изведбите на моделите ТТ и TT S

29 септември, 20140
8
Audi ги објави првите официјални фотографии од Roadster изведбите на моделите ТТ и TT S,
кои премиерно ќе бидат претставени на саемот за автомобили во Париз,
на почетокот од следниот месец…

Главната разлика во споредба со Coupe моделот е секако платнениот покрив на електрично преклопување,

кој ќе биде достапен во три бои – црна и две нијанси на сива.


Овој покрив ќе може да се затвори односно отвори за само 10 секунди,

а со него ќе може да се управува при најголема брзина од 50 km/h.

За неговата конструкција се користени материјали како алуминиум,

магнезиум и пластика што го прави за 3 kg (39 kg) полесен од претходникот.


Благодарение на новата MQB платформа овој двосед е полесен и нешто помал од својот претходник.

Имено, со вкупна должина од 4.177 mm e за 21 mm пократок,

додека пак меѓуоскиното растојание е за 37 mm подолго.

Исто така, новиот модел ќе биде 10 mm потесен (1.832 mm) и 3 mm понизок (1.355 mm).


На почетокот ТТ Roadster ќе биде достапен со три 4-цилиндрични турбо мотори –

два бензински и еден дизел.

Станува збор за 2.0 TFSI агрегатот со моќ од 169 kW (230 КС) и максимален вртежен момент од 370 Nm,

како и 2.0 TDI со моќ од 135 kW (184 КС) и вртежен момент од 380 Nm,

со просечна потрошувачка од 4,3 l/ 100 km и емисија на CO2 од 114 g/km.


Посилниот ТТ S ќе биде придвижуван од 2.0 TFSI со 228 kW (310 КС) и максимален вртежен момент од 380 Nm.

Тоа е доволно за овој автомобил до 100 km/h да забрзува за само 4,9 секунди и да достигне максимална брзина од 250 km/h.


Споменатите мотори ќе бидат достапни со 6-брзински рачен и 6-брзински S Tronic автоматски менувач,

со двојна спојка. 2.0 TDI ќе има погон само на предните тркала,

додека 2.0 TFSI ќе може да се набави и со погон на сите четири тркала, со кој ТТ S ќе биде стандардно опремен.


Во Германија, продажбата на ТТ Roadster ќе започне веднаш по премиерата во Париз,

по цена од 37.900 евра за TFSI, додека пак ТТ S на пазарот ќе пристигне на почетокот од следната година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *