САД оковани во мраз, во Европа пролет

9 јануари, 20140
31

Климата полуде!

САД деновиве се соочија со невидена сурова зима, а од друга страна, во остатокот од светот каде требаше да паѓа снег и да биде многу студено, владее пролет.

Аналитичарите истакнуваат дека токму во овој момент можеме да ги видиме последиците од глобалното затоплување на Земјата.

Временските непогоди во САД се последица на ледениот арктички воздух. Фотографиите на замрзнати згради, езера, патишта и дрва влеваат ужас, а прогнозата на метеоролозите е дека температурите на некои подрачја би можеле да се спуштат до минус 50, вест која предизвика страв кај населението.

Особено загрижува фактот што дури и на Хаваите се измерени минус 16 степени, а тоа е местото каде од секогаш имало пријатно и топло време.

Во исто време, во Европа се забележува нетипичен топол јануарски период бидејќи температурите достигнаа до 14 степени.

Меѓутоа метеоролозите предвидуваат дека после 15 јануари и европскиот континент ќе биде окован во мраз, додека ситуацијата во САД ќе се стабилизира во следниве два дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit