Сакате да се зближите повеќе со човекот до себе? Како да ја подобрите интимноста во врската?

17 септември, 20140
8

Авторите Роналд Адлер и Расел Проктер конципираа четири начини на кои што можеме да се чувствуваме блиски со некого. Тие се однесуваат на различни видови на односи, но тука ќе се фокусираме на блискоста меѓу романтичните партнери. Четирите димензии на близината се:

1. Физичка. прегратка, бакнежи, галење, држење за раце и други форми на физичка наклонетост. Сексот е несомнено важен дел од физичката близина, но не и најважен. Додека останатите аспекти на односите остануваат стабилни, физичката интимност меѓу партнерите често може да трае целиот живот, дури и кога возраста, стресот или лошата здравствена ги попречуваат сексуалните функции.

2. Емоционална. Способноста ефикасно и убедливо да изразуваме чувства на љубов и нежност, и да сме во можност да одговориме позитивно, кога другиот ги изразува. Ова вклучува фрази како: „Те сакам!”, „Ми се допаѓа кога зборуваме така”, „Мило ми е што поминуваме време заедно”, „Како се чувствуваш?” и „Жал ми е.”

 

3. Интелектуална. Умот е привлечен и секси, особено за оние кои што имаат чувство на сродство, кога учествуваат во дискусија или друго интелектуално поминување со партнер со кого се чувствуваат интелектуално еднакви.

4. Споделени активности. Меѓу неговите искуства кои придонесуваат за акумулирање на позитивни заеднички спомени се патувањата, игрите, танцувањето, вежбите, уметноста и решавањето на заедничките проблеми. Во овој случај не само што активноста има значење, туку и дали двајцата се способни да се почувствуваат поврзани додека учествуваат во неа.

Започнете го тестот

Напишете за секое од овие димензии на близина до кој степен е важно да ги има во вашата врска. пр. физичка – задолжително; емоционална – пожелно…

„Задолжително” значи дека оваа димензија е од клучно значење за вас, без која не може да се замисли една врска.

„Мошне е пожелно” – важно е за вас, но не е задолжително да го почувствувате секој ден.

„Можно” – оваа димензија е релативно неважна за вас – можете да си  ја замислите врската и без неа.

 

Откако ќе одговорите за себе, замолете го и вашиот партнер да го стори истото . Можете да ги напишете на својот лист и одговорите што мислите дека тој ќе ги даде. Кога и двајцата сте подготвени, еве го резултатот.

Колку повеќе елементи се совпаѓаат во двата листа, толку подобра е компатибилноста помеѓу вас. Ако имате една или повеќе комбинации „Задолжително / можно ” , можете да разговарате со партнерот и да се обидете да поработите на овие разлики.

Додека некои пројави на интимност доаѓаат кај некои од нас поприродно отколку други, сите можеме да учиме и да се развиваме во нови правци. Заемното разбирање на приоритетите може да гарантира успех на врската во долг рок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi