Седум make-up трикови за кафени очи

5 јануари, 20140
make up trikovi

Вашите очи се токму она што луѓето прво го забележуваат на вас. Тоа е доволна причина да научите како правилно да се нашминкате, како да ја потенцирате посебноста на вашите очи. Ако имате кафени очи погледнете какви трикови и стилови на шминкање подготвивме овој пат за вас!

Smokey eyes

Оваа шминка ќе ги стави вашите очи во прв план и ќе изгледате многу заводливо. Smokey eyes се користат исклучиво за вечерен изглед. Нанесете кафена сенка на целиот очен капак, а црна на крајот од окото.  За да финализирате, додадете уште малку сенка на врвот на очите и подготвени сте за сите предизвици!

Неутрална боја

Ако сакате да изгледате природно, обидете се со неутрална боја на сенки, како што се кафена и праска боја. Својот изглед можете да го зачините со кфеав ајлајнер за природен изглед и црн за посилен впечаток.

Ајлајнер за кафени очи

Најдобар избор за вашата боја се ајлајнерите со кафена, златно-кафена, црна, сина и сива боја. Обидете се со некои од нив, нема да се покаете!

Металик тонови

Ако сакате да изгледате заводливо и сексипилно, ви препорачуваме металик нијанси златни, бакарни, кафени и розови. Со овој избор никако нема да погрешите!

Црвен кармин

Ако се одлучите за оваа храбра боја на кармин, вашата шминка за очи мора да биде нежна. Со црвен крамин најдобро се согласува црна маскара.

Сино!

Ако сте доволно храбри да носите сина сенка за очи сигурно ќе бидете забележани, а вашите очи ќе бидат во преден план. За нежен изглед, нанесете син ајлајнер или моливче за очи.

Зелена сенка

Зелената сенка има широк спектар на нијанси, од мат сенка до металик нијанса. Обидете се со различни нијанси и утврдете која најдобро одговара на вашата боја на очи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *