Секој ден и покажува на сопругата колку ја сака: Погледнете што направил после 3 години брак…

24 октомври, 20140
Секој ден и покажува на сопругата колку ја сака: Погледнете што направил после 3 години брак…

Американецот Бенџамин дефинитивно не е еден од оние сопрузи кои ќе дозволат времето да ја угаси жарта во неговиот брак. На саканата Џуди на секој начин и секој ден и дава до знаење колку се грижи за неа, а неговиот последен гест предизвикал големо одобрување на друштвените мрежи.

Имено, после што неговата сакана приметила како еден ресторан е идеален за венчавка, Бенџамин се потрудил и таму ја извел на љубовна вечера.

Моментот го украсил со писмо кое ја дочекало на масата, а во кое на прекрасен начин изразил што чувствува.

Прочитајте:

– Џуди, ти си навистина неверојатна жена. Како пријател никој не ти е рамен. Кога прифати врска со мене, ме направи најсреќниот човек на светот.

Бракот со тебе е најдобрата работа која ми се случи и не сакам ништо друго во животот од тоа да те имам секој ден. И покрај бројните предизвици со кој се сретнав, изгледа како секој ден да ми го правеше подобар во однос на претходниот.

И точно во моментот кога помислив дека не може да биде подобро, се роди нашата преубава Џулијана и светот за неа стана порадосен. Најдобра мајка си.

Тогаш сме благословени со уште два ангела. Кира и Мија можат понекогаш многу да бараат, но начинот на кој ти се грижиш за нив во мене предизвикува големо почитување. Твојата љубов спрема нашите деца е феноменална и многу сум горд што можам да те наречам мајка на нашите девојчиња.

Заслужуваш се што ќе посакаш и се надевам дека секој ден правам се што можам тоа и да ти го овозможам. Те сакам, љубов и не можам да дочекам што ќе донесе времето пред нас. Те сака Бенџи-напишал.

Бенџамин и Џуди се во брак од 2011 год, па од тогаш со задоволство ги бележат и објавуваат настани во нивните животи. Како ретко складен пар стекнале завиден број на обожаватели на друштвените мрежи  (на Јутјуб ги следи 880.000 луѓе).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi