Зошто секогаш се каам поради моите одлуки? Решете го тестот и дознајте дали сте среќна личност

24 октомври, 20140
13

Доктор Пратап С. Сингхал во соработка со „Здравје, среќа и вие“ (Health, Happiness and You) го претставил овој краток тест со помош на кој можете да откриете како се гледате и проценувате себе.

Одговарајте со „да“ или „не“ и погледнете го решението на крајот на тестот:

1. Обично сум мирен/мирна во тешки предизвикувачки ситуации

2. Прилично сум задоволен/на со себе

3. Обично донесувам добри одлуки и избори

4. Обично не се каам поради своите одлуки и избори кои ги направам. А и ако донесам погрешна одлука, се трудам да ја исправам

5. Превземам одговорност за сите свои акции и исходи од одлуките

6. Не ги обвинувам другите поради негативните резултати

7. Јас сум човек со отворен ум

8.  Го почитувам своето мислење, но и мислењето на другите

9. Избегнувам конфликти и кавги

Ако на повеќето прашања сте одговориле со „да“, тогаш сметајте се за среќна личност. Во спротивно, направете вежба која ја предложува доктор Сингхал.

Што би направиле или почувствувале да бидете посреќни?

Имајте на ум дека се работи за долготрајна среќа. На пример, можеби треба да престанете со конфликтите кои ве исцрпуваат? Или да ги промените реакциите на околностите кои секојдневно ви донесуваат стрес.

Кога се разбудите, која ви е прва мисла?

Се радувате на новиот ден или сте исцрпени? Што ви е потребно да се расположите? Што ве поттикнува да станете од креветот? Донесете одлука да го промените она поради што уште изутрина се чувствувате лошо, било тоа да го направите со терапија, вежбање или советување со стручни лица.

Дали сте нерасположени затоа што некому нешто не сте му опростиле?

Тешко е да бидеш среќен и исполнет со енергија, а истовремено да се држите до бесот. Какво добро тоа токсично чувство може да ви донесе? Едноставно пуштете го.

Опростете го тоа на другата страна и пуштете лутњето, бесот и немоќта да одат од вашиот свет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş