Секси и бизарно: Овие реклами нема да ги видите на ТВ!

24 октомври, 20140
1

Во светот на маркетингот и рекламите, привлекувањето внимание е тешка задача. Поради тоа, многу компании константно ги поместуваат границите за да направат што подобра, позанимлива и провокативна реклама. Кога ќе ги поминат границите на добриот вкус, обично рекламите им завршуваат како на листата подолу.

Ова се само некои од снимените реклами забранети за гледачите пред малите екрани.

Австралиска реклама за кондоми

Пред една година, австралиската телевизија го забрани емитувањето на оваа реклама во која млад пар во аптека ги ”тестира” кондомите изложени за продажба. Иако тонот на рекламата е весел, а самите актери се скриени зад објектот, телевизијата проценила дека оваа реклама е премногу провокативна за гледачите. Благодарејќи на интернетот, рекламата сепак го најде својот пат до публиката.

 

https://www.youtube.com/watch?v=PEM9h7E_A70

Реклама за Kayak.com

Во оваа реклама наменета за страница за патувања, неурохирургот го оперира мозокот на пациентот додека тој се наоѓа во кома, но во својот скут тој има лаптоп од каде ја избира следната дестинација за одмор. Откако беше емитувана во Велика Британија, рекламата набрзо беше забранета поради реакциите на пациентите кои имале вистинска операција на мозокот. Органот кој ги контролира рекламите во оваа земја оценил дека оваа реклама е премногу вознемирувачка за гледачите.

 

Реклама за Тојота GT86

Истата, 2012 година, уште една реклама беше повлечена од британската телевизија, а овој пат Тојота беше таа која се најде на тапетот – забрането за ТВ. Како причина за забраната беше наведено дека во оваа реклама, Тојот го величи опасното и брзо возење. Кратка и помалку екстремна верзија беше прикажана на малите екрани подоцна.

 

https://www.youtube.com/watch?v=K6Pb_tmPKGk

Реклама на рестораните за брза храна Carl’s Jr.

Овој американски ланец за брза храна е познат и по поместувањето на границите кога станува збор за рекламирањето на своите производи. Нивните хамбургери воглавно ги рекламираат згодини полуголи девојки како Ким Кардашијан, Парис Хилтон, Хајди Клум и Кејт Аптон, а често се случува овие реклами да не дојдат до ТВ станиците, токму поради критиките дека жените во нив се прикажани како парче месо за реклама.

 

https://www.youtube.com/watch?v=GSZyZMOzRs0

Реклама за дезодорансот Axe

Пред неколку години, една реклама за овој дезодоранс беше забранета во Јужна Африка каде поради деградирачкото прикажување на жените и навреди кон христијаните. На овој бренд, секси рекламите и не му се непознати, а во забранетата реклама, секс ангелот паѓа од небо, привлечен од опојниот мирис на овој дезодоранс.

 

Скарлет Јохансон во реклама за соковник

Актерката оваа година направи реклама за Содастрим соковниците, а американската ТВ Фокс го забрани овој спот бидејќи претставува своевидна антиреклама за Кока Кола и Пепси. Содастрим го исфрли спорниот дел на рекламата во кој актерката сугерира на тоа дека домашните сокови се далеку подобри од Кока Кола и Пепси.

https://www.youtube.com/watch?v=zxq4ziu-wrI

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *