Скала деи Турчи (во превод „турски скали“ е карпеста плажа на брегот на Реалмонте,
во близина на градот Порто Емпедокле, на југот во Сицилија, Италија.
Поради нејзината необична бела боја, како и по честото спомнување во детективските дела
на писателот Андреа Камилери, плажата станала туристичка атракција,
а исто така е предложено и да се вброи во заштитените предели на УНЕСКО.
Плажата го добила името по многуте напади на турските гусари
кои во минатото го ограбувале регионот,
како и по необичниот изглед кој потсетува на бели скали кои се извишуваат од морето.