Три кита убијци брутално нападнале и убиле тигар ајкула

29 септември, 20140
Три кита убијци брутално нападнале и убиле тигар ајкула
За време на овој напад на тигар ајкула, во нејзините очи, како што тврди авторот на видеото, се гледал очај.

Три кита убијци брутално нападнале и убиле тигар ајкула. Вознемирената ајкула заеднички ја натерале да дојде до површината, а потоа таа безуспешно се обидувала да најде засолниште во блискиот брод. Авторот на видеото тврди дека во неговите црни очи можел да се види очајот.

Огромната орка ја превртила тигар ајкулата на грб и и’ предизвикала состојба на парализа, истовремено гризејќи ги нејзините перки. Орките наизменично ја напаѓале преку два метри долгата ајкула, а потоа исчезнале во океанот. Бруталниот напад бил снимен во близина на брегот на Костарика, а авторите се подводната фотографка Каролин Пауер и морскиот биолог Николас Бах.

“Откако орките исчезнаа ние само стоевме во чамецот, загледани во океанот и размислувавме за тоа кое штотуку го видовме”, изјавила Каролин која верува дека е ова е првиот документиран напад на тигар-ајкула од страна на орки.

“Тигар-ајкулата е врвен предатор во овие води, а да се види како е симнат од неговото највисоко место во синџирот на исхрана и како се бори за својот живот е прилично неверојатно”, додала.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş