Триглав Oсигурување за почиста Македонија

23 октомври, 20140
naslov

Волонтерите на Триглав во еколошка акција собраа 2,5 тони отпад на Скопска Црна Гора

Скопје, 22-ти октомври, 2014 година – Вработените на Триглав Осигурување се приклучија на големата национална кампања за чистење – „Македонија без отпад 2014“, што минатата сабота (18-ти октомври) се одржа низ целата земја. Во организација на компанијата, над 130 луѓе, меѓу кои беа волонтерите на Триглав со нивните семејства и пријатели, членовите на Планинарскиот клуб „Скопска Црна Гора“ и извидниците на ПСИО и ИПО „Јадран“, со заеднички сили во еднодневната акција го чистеа врвот Рамно на Скопска Црна Гора.
Настанот се одржа под мотото: „Да ги исчистиме планините, да создадеме убави спомени, да го собереме ѓубрето“ и се состоеше во расчистување на дивите депонии од пластика, стакло, конзерви и др. отпад. Беа собрани 2,5 тони ѓубре кои потоа беа транспортирани до соодветна локација за смет и отпад на општина Чучер Сандево.
„Заштитата и грижата за животната средина се едни од основните вредности на општественото корпоративно работење на Групацијата Триглав. Во оваа насока, Триглав Осигурување ја поддржа асоцијацијата „Да го исчистиме светот“ во 2012 година, кога нашите вработени го чистеа кејот на Вардар, а годинава како големи вљубеници во планините и чистиот воздух се ангажиравме да го собереме отпадот од високите места. Верувам дека со ваквите активности сме на добар пат до позелена и почиста Македонија. А, ако нашиот пример придонесе за подигнување на еколошката свест, не само кај граѓаните, туку и меѓу компаниите, тогаш сме постигнале многу повеќе од она што го направивме тука денес“, изјави во оваа прилика извршниот директор на Триглав Осигурување, г-ѓа Сања Танчевска.
Годинешната акција беше организирана во рамки на иницијативата „Да ги исчистиме ридовите и планините“, којашто Групација Триглав ја започна во Словенија пред пет години и којашто, покрај еколошката порака, има за цел да придонесе кон градење на свеста за безбедно и одговорно планинарење. Проектот е составен дел од активностите за демонстрирање на корпоративната општествена одговорност на Групацијата Триглав.

vnatre

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *