Успеавте да му го привлечете вниманието, сега е време и да го заведете

16 декември, 20140
9

Внимавајте на своето достоинство

Само затоа што тој е презгоден и успешен, и што ве повикал на состанок и ве почастил пијалок или било на кој друг начин ви дал до знање дека му се допаѓате, не значи дека моментално треба да заборавите на своето достоинство и да направите се што тој очекува од вас. Поставете свои граници и дајте му до знаење каков тип на жена сте. Ако сака сериозна врска и тоа како ќе го цени.

Бидете само свои

Ако во стартот почнете да глумите дека сте нешто што не сте, врската однапред ја осудувате на пропаст. Само прашање на време е кога вашите ставови, навики и однесување ќе испливаат на површина па навистина нема да има потреба да ги прикривате. Бидете природни, спонтани и доследни на себе, таква најмногу ќе му се допаднете.

Дајте му простор

Важно е од самиот почеток да се навикнете да не си досадувате еден на друг со љубоморни испади, сомнителни прашања и провокации. Бидете внимателни кога други жени се во прашање, но немојте да заборавите дека не сте врзани со папочна врвца и дека не морате заедно да го поминувате баш секој слободен момент. Се додека не ја изневери вашата доверба немате никаква причина за грижа.

Покажете ги отворено своите квалитети

Одамна поминаа времињата кога фраерите паѓаа на жени кои се спремни да им се потчинат и да ги гледаат како божество. Момците со кои сте со задоволство би биле во сериозна врска сакаат силни и самосвесни жени, образовани, интелигентни и способни. Сето она што го знаете и за што сте способни може само да ви оди во корист, затоа покажете ги отворено своите квалитети. Воодушевете го со сите расположливи атрибути и дајте му до знање дека вредите многу!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi