Утринската цигара е поопасна од сите останати!

22 октомври, 20140
3

За пушачите и кафеџиите воглавно нема ништо послатко од цигара со утринско кафе и тоа обично на тенане.

И кафето и цигарата делуваат како стимуланси кои на човекот брзо му го поправаат расположението, го рассонуваат и го прават подготвен за дневна акција. Уште повеќе, од памтивек се знае за кафето дека е здраво. Но, научните истражувања покажуваат дека тоа никако не е омилена утринска комбинација.

Цигарата по разбудување е поопасна од сите останати

Познато е дека цигарите се полни со канцерогени материи, но неколку нови студии покажаа дека утринската цигара е значително по нездрава од сите останати во текот на денот.

Откриено е дека пушачите кои палат цигара веднаш по разбудување имаат повисоки вредности на канцерогерниот NNAL во крвта од пушачите кои првата цигара ќе ја одложат за половина час и повеќе, без оглед на тоа колку цигари ќе испушат во текот на денот“, изјавува Steven Branstetter од Pennsylvania State University.

Истражувањето исто така покажало дека 32% од пушачите ја палат првата цигара во првите 5 минути по разбудувањето, 31% од нив од 6-30 минута, 18% од 31-60 минута, а 19% по еден час.

Кафе на празен желудник

Пиењето кафе на празен желудник рано наутро го стимулира излачувањето на хлороводородна киселина во дигестивниот тракт. Тоа може да биде особено проблематично за лицата склони на чир на желудникот и гастритис. Кафето за време на пост не е најдобро дури ни за здравите. Имено, органиозмот го користи за разградување на храната, па може да се случи, ако често го создава, да исчезне кога најмногу му е потребен – за варење на поголемите оброци, особено протеински. Несварените протеини се поврзуваат со бројни здравствени проблеми од надуеност, преку иритации на цревата до рак.

Чирот на желудник и дванаесетпалачното црево е воглавно предизвикан од бактеријата Helicobacter pylori. Меѓутоа, киселините кои ги содржи кафето можат да го ослабат заштитниот слој на дигестивниот систем и да го олеснат населувањето на овој патоген.

Кафето исто така може да предизвика иритација на краткото црево и да доведе до грчеви и синдром на иритабилни црева, болест која во последните години се почесто се дијагностицира. Сето ова ќе биде засилено од кафето, кое е испиено рано наутро.

Едно истражување спроведено во 2013 година на Uniformed Services University of the Health Sciences во Maryland, покажало дека најдобро време за прво кафе е еден час по будењето. Имено, нивото на кортизол рано наутро е доста високо. Кортизолот го контролира биолошкиот часовник на телото и ја поттикнува будноста. Затоа е најдобро да се пие кафе кога неговите нивоа ќе паднат – околу еден час по будењето. Во спротивно, истакнуваат авторите, делувањето на кафето ќе слабее, ќе се создаде резистенција и по одредено време за ист ефект ќе ни биде потребна поголема количина на кафе.

Кафе и цигара – лоша комбинација

За крај, да ви го расипеме сето задоволство, ќе ви наведеме резултат од една студија спроведена во 2004 година:

Грчкиот тим на научници од Медицинското училиште во Атина откриле дека цигарите, кога се консумираат истовремено со кафе, предизвикуваат поголема крутост на артериите, отколку кога се консумираат одвоено, во различно време. Крутоста на артериите ја отежнува циркулацијата на крвта и делува лошо на здравјето на срцето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş