Вака го затекнал својот дом кога се вратил од работа! Но што всушност навистина се случило?

5 ноември, 20140
6

Мажот кога се вратил од работа ги затекнал своите три деца во дворот, сеуште во пижами. Си играле во калта со празни кутии од храна и насекаде имало расфрлано ѓубре.
Вратите од автомобилот биле отворени, како и влезната врата од куќата. Кучето го немало.
Во ходникот затекнал уште поголем хаос. Светлото било исклучено и на подот имало згужвано ќебе.
Во дневната соба работел телевизорот со глас до максимум, а собата била преполна со играчки и расфрлана облека.
Умивалникот во кујната  до горе бил полн со нечисти садови. Остатоците од појадокот биле расфрлани по масата, а вратата на фрижидерот била ширум отворена. Храната за кучето била насекаде по подот, а куп песок имало пред вратата.
Мажот поитал по скалите, газејќи врз играчките и купиштата алишта барајќи ја сопругата.
Се испаничил, помислил дека можеби нешто лошо се случило.
Забележал вода на подот која протекувала под вратата на тоалетот. Влегол во тоалетот и занемел од нередот кој и таму го затекнал. Купишта мокри пешкири, сапун и пена и повторно играчки расфрлани по мокриот под. Неколку метри тоалетна хартија имало врз WC школката, а паста за заби имало размачкано насекаде по вратата и ѕидовите.
Испаничен од глетката со брзи чекори поитал кон спалната соба. Ја отворил вратата и ја здогледал својата жена како скупчена лежи на креветот.
Била во пижами и читала книга.
Го погледнала сопругот и се насмевнала. Го прашала како му поминал работниот ден.
Мажот бил преплашен и збунет.
Ја запрашал: Што по ѓаволите се случило овде?
Таа повторно се насмевнала и одговорила:
Секој ден кога ќе се вратиш од работа, ме прашуваш ШТО ПРАВАМ ПО ЦЕЛ ДЕН ДОМА. ТАКА ЛИ Е?
Е па денес ете не правев ништо! – одговорила жената и продолжила да си ја чита книгата.
Домаќинки, мајки, споделете ја оваа приказна понатаму доколку и вие некогаш сте се нашле во ситуација кога партнерот ве запрашал: Што правиш по цел ден дома, што толку има да се работи?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi