Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, е најбогатиот човек во Соединетите Американски Држави, кој себе си може да си дозволи раскош и луксуз за кој ние може само да сонуваме.
Неговото богатство е тешко 81.5 милијарди долари, а во куќата чија изградба траела седум години се вложени 63 милиони долари.
Раскошната градба го носи името “Xanadu 2.0” по ликот од легендарниот филм “Граѓанинот Кеј”. Сместена е на површина од 6.130 квадратни метра во Медина, Вашингтон, и е уредена со најмодерен мебел и технологија.
https://www.youtube.com/watch?v=YTqN0KG8Qxo#t=39