Во затвор имале свои џакузи, стриптиз барови, банки…

23 декември, 20140
Во затвор имале свои џакузи, стриптиз барови, банки…

Наркобосовите на Филипините и во затвор имале посебни луксузно опремени ќелии со клима уреди, изградени во мал комплекс на вили во чиј состав имало и џакузи, стриптиз барови и други работи што им овозможувало да живеат „како кралеви“ и од затворот и натаму да управуваат со трговијата со дроги и проституцијата.

Сензационалното откритие го направија командосите на филипинската специјална полиција, кои вчера упаднаа и го окупираа најголемиот затвор на Филипините, „Билибид“.

Филипнската министерка за правда Леила де Лима на денешната конференција за печат ги потврди извештаите на командосите, додавајќи дека во рамките на затворот функционирала и посебна „банка“ во која криминалците чувале големи суми пари.

По откривањето на скандалот, се претпоставува дека управувањето на затворот ќе го преземе армијата, а за сите вработени обвинителството ќе покрене процес за нивно ставање зад решетки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi