
Се сеќавате колку тешко ни беше да запомниме која буква од латиницата одговара со вистинското име на секој од елементите од Периодниот систем, а камо ли да ги запомниме сите нивни својства и тоа некаде во основно одделение на тринаесет години?
Епа замислете тоа да треба да го правите на три години и тоа без грешка.
Малата Бриел од Калифорнија иако има само три години, веќе е експерт кога станува збор за елементите на Периодниот систем.
Таа ги знае сите елементи и тоа не оние најлесните како што се кислород и водород, туку сложените елементи како што се стронциум, фосфор, тантал и сите нивни најважни својства.