Како реагира на модерната технологија човек кој бил 44 години во затвор?

27 ноември, 20150
4

Отис Џонсон бил затворен уште на своите 25 години и кога излегол од затвор веќе имал 69 години. 44-годишната казна која ја добил била поради обид за убиство на полицаец.

По долги години поминати во затворската ќелија кога излегол од таму, светот за него бил драстично променет.

„Застанав на Times Square и гледав каква е атмосферата. Новите работи кои се случуваа. Забележав дека сите или барем мнозинството луѓе си зборуваа сами со себе. Тогаш погледнав одблиску и забележав дека имаат нешто во ушите“ – така го опишува Џонсон првото свое искуство со новата технологија по излегувањето од затворот.

„И првото нешто што си го помислив беше, сите станале ЦИА агенти? Тоа е единствената работа која можам да ја помислам кога ќе видам некој со слушалки во ушите“ – додава тој.

„Некои луѓе воопшто и не гледаат каде одат. Се чудам како можат да се контролираат, односно како гледаат каде одат?“ – продолжува.

Она што му било најчудно било колку луѓето се сконцентрирани на своите телефони, па воопшто не гледаат во другите луѓе, ниту каде одат.

Следното нешто што го открил било дека повеќе не се употребуваат кабините со телефони, бидејќи секој има мобилен телефон…

Џонсон дава фасцинантна перспектива за тоа колку светот се има променето во последните 40-на години:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi