Инспиративна приказна: Ќе одберете ли Љубов?

13 февруари, 20150
15

Една жена излезе надвор од својата куќа и виде тројца старци со долги бели бради како седат на нејзиниот преден трем. Не ги познаваше, но им рече: „ Мислам дека не ве познавам, но мора да сте гладни. Влезете да ве послужам со нешто.“

„Дали е сопственикот на куќата дома?“ прашаа тие.

„Не,“ рече таа.„Тој е излезен.“

„Тогаш не можеме да влеземе.“ одговорија тие.

Вечерта,кога нејзиниот маж си дојде дома,таа му раскажа што се случи. „Оди и кажи им дека сум дома и покани ги внатре.“ рече тој, па жената излезе и ги покани старците.

„Ние не влегуваме во куќа заедно.“ одговорија тие.

„Зошто така?“ таа сакаше да знае.

Еден од старците објасни:„Неговото име е Богатство“ рече тој покажувајќи на еден од неговите пријатели,а потоа покажувајќи на друг „Тој е Успех, а јас сум Љубов.“ Потоа додаде: „Сега оди и прашај го мажот ти кој од нас сакате да влезе во вашиот дом.“

Жената влезе и му раскажа на мажот и што и рекоа.Нејзиниот маж беше пресреќен. „Колку убаво!“ рече тој, „Ако е така, тогаш да го поканиме да влезе Богатството. Нека влезе тој и нека ја исполни нашата куќа со богатство!“

Неговата жена не се согласуваше.„Драги мој, зошто не го поканиме Успехот?“ Нивната снаа слушаше од другиот крај на куќата. Таа скокна со нејзин предлог: “Зар не би било поубаво да ја поканите Љубовта? Тогаш нашиот дом би бил исполнет со љубов.“

„Ајде да го послушаме предлогот на нашата снаа.“, рекоа мажот и жената.„Оди надвор и покани ја Љубовта да ни биде гостин.“

Љубовта стана и почна да чекори кон куќата. Другите двајца исто така станаа и почнаа да го следат. Изненадена, жената ги праша Богатството и Успехот : „Јас ја поканив само Љубовта, зошто и вие влегувате?“

Старецот одговори: „Доколку ги поканевте Богатството или Успехот, другите двајца од нас ќе останеа надвор, но бидејќи ја поканивте Љубовта, каде и да оди тој ние одиме со него. Каде е Љубовта, таму е и Богатството и Успехот.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş