Нема да оди во затвор затоа што има 6,5 милиони фанови на Инстаграм

13 февруари, 20150
14

Ден Билзеријан (35), американски играч на покер, актер, интернет плејбој и милионер, избегна затвор, бидејќи на Инстаграм го следат дури 6,5 милиони следбеници.

Кон крајот на минатата година беше објавено видео на кое се гледа како Ден удира жена во лицето.

Исто така, истата недела беше уапсен на аеродромот во Лос Анџелес заедно со Џереми Гајмон (36) за подметнување на експлозија која предизвикала мал шумски пожар надвор од ЛА.

Но, минатата недела, иако му се закануваа дури 12 години затвор, тој го призна злосторството и беше пуштен на слобода откако плати 17.000 долари.

Но, како дел од спогодбата, Ден ќе мора да го користи својот Инстаграм профил за малку поинакви цели од досега.

На Инстаграм досега објавуваше фотки од разголени девојки, како и од себе си како позира со разни оружја и како пука од нив.

Тој се фалеше со богатството, авионот, хеликоптерот и објавуваше фотографии од своите скапи автомобили.

Но, според договорот со судот, сега би требало да објавува јавни пораки од агенцијата на министерствто за внатрешни работи, како предупредување за другите да не го прават она што го направи тој.

Сепак, изгледа дека тој не е временски ограничен, односно не е одредено кога би требало да го направи тоа, па и понатаму на Инстаграм објавува фотографии од убавици, од скијање и слично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi