
Исламската држава, најпознатата терористичка организација во светот, објавила нова мапа од својот иден калифат.
Црниот исламски калифат во кој би владеел строгиот шеријат, опфаќа делови од северна и централна Африка сè до екваторот и дел од Кина. Во границите на калифатот е Блискиот исток, практично до границите на Казахстан и Русија.

Исламската држава го обележала и Крим како своја територија, како и целиот Балкан, добар дел од Унгарија, Австрија и дел од Алпите. Во црно е обвиена и цела Шпанија, која џихадистите ја нарекуваат Андалус.

Планот е прикажан на картата со јасни граници на териториите кои сунитските терористи и нивниот лидер Абу Бакр Ал Багдади планираат да ги освојат, а во нив влегува и Македонија.
Потсетуваме, главата на Ал Багдади е уценета на 10 милиони долари.