Како да го препознаеш мажот што вреди, мажот што те заслужува?

19 јануари, 20150
3

И така, сте сретнале маж кој навистина ви се допаѓа, во чие друштво се чувствувате добро, се забавувате…многу работи кај него ви се допаѓаат и веќе се среќавате интензивно неколку месеци. Стигнавте до моментот кога треба да одлучите дали заслужува да се размислува сериозно за врската или не. И како стигнувате до тој одговор? Еве неколку базични точки кои ќе ви помогнат да процените:

Компромиси

Вистинскиот маж треба да е спремен на компромиси. Не е неопходно вкусовите, хобито, работите што ги сакате да се еднакви. Мажот во вашиот живот треба да ги прифаќа работите што вие ги сакате и кои се разликуваат од неговите како и да ви дава подршка за вашите планови и желби и покрај тоа што не се поистоветуваат со неговите. Ако мажот до вас сака работите секогаш да се одвиваат по неговиот начин, да ги прифаќа само своите критериуми за добро и лошо, важно и неважно и.т.н. тогаш навистина треба да седнете и добро да размислите дали има леб во таа врска и да го откриете вистинското решение за вас.

Грижа и респект

Еден од знаците на добриот маж е неговиот респект кон вашите чувства. Ако тој се однесува со респект кон вашите чувства и не ги повредува, тогаш тој е вистинскиот маж. Ако мажот со кој сакате да создадете заедница се грижи за вас, ако е лојален и верува во вашите возможности, тогаш тој го заслужува вашето внимание.

Интелигентен и одговорен

Интелигенцијата и чувството за одговорност се многу важни црти, кои еден квалитетен маж би требало да ги поседува. Тој треба да е доволно умен и одговорен за да може да се грижи за себе, за вас, за семејството.

Оптимизам и хумор

Никогаш не знаете што може да ви сервира животот во иднина. Има многу подеми и падови во нашиот живот без разлика колку добро го планираме. Затоа е важно мажот до тебе да биде силен по дух, да не се предава и да е позитивен. Позитивниот став и верата во своите возможности и животот се фактори кои помагаат за правилно и навремено решавање на проблемите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi