Како да го зголемите пенисот?

3 декември, 20150
3

Голем дел од машката популација е незадоволен од големината на својот пенис и бара начин да ја зголеми својата гордост. Уролозите Марко Одерда и Паоло Гонтеро од Универзитетот во Торино анализирале десет студии, за да откријат кои неинванзивни методи за зголемување на пенисот се најдобри.

После операцијата со која се зголемува пенисот, неретко доаѓа до компликации, а студиите покажаа дека таканаречените пумпи за пенис ја продолжуваат “алатката” за 1,7 сантиметри. Мажие кои ги пробале овие направи велат дека пенисот им е подолг за 1,7 сантиметри, односно 2,3 сантиметри во ерекција.

Исто така, втората студија покажа дека пеноскроталните прстени (кои се ставаат пред постигнување на ерекција) всушност го продолжуваат пенисот и ја продолжуваат ерекцијата. Сепак, бројот на учесници во оваа студија бил мал, поради што научниците велат дека тоа не може да се земе како доказ дека овие прстени навистина го зголемуваат пенисот.

Уролозите Одерда и Гонтеро велат дека без оглед на резултатите од студијата, проблемот кај мажите не лежи во големината на пенисот, туку во главата. Доколку кај некои постојат медицински причини за “средување” на пенисот, докторите велат дека всушност поголемиот дел од мажите едноставно патат од “синдромот на мал пенис” иако имаат “алат” со просечна големина.

Тие нагласуваат дека најверојатно порно филмовите се виновни за тоа што мажите мислат дека имаат мал пенис, иако всушност просечната големина на пенисот е 8,9 сантиметри, односно 14,9 сантиметри во ерекција.

“Според клиничката дефиниција, мал пенис е всушност помал од 4,8 сантиметри, односно помал од 7,6 сантиметри во ерекција”, вели урологот Никола Монини.

За тоа колку мажите се всушност преокупирани со големината на пенисот зборува и анкетата која покажа дека 85% од жените се задоволни со големината на пенисот на својот партнер, додека само 55% од мажите сметаат дека имаат доволно голем “алат”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş