Како да се ослободите од вишокот сало зафатено на рацете?

27 ноември, 20150
1

Стареењето е уште една причина за појава на сало во пределот на рацете. По 20-та година, нашето тело има тенденција да ги задржува мастите во одредени предели од телото, а мускулната маса започнува да опаѓа.

Решението е едноставно и се состои од 2 работи. Редовно вежбање или пак промена на животниот стил.

Така доколку имате вишок на сало во пределот на рацете, вежбите од ова видео ќе ви помогнат да се ослободите од него.

Доколку немате желба и време за вежбање тогаш направете промена во вашиот животен стајлинг.

1. Здрава исхрана

Првата и најважна работа со која можете да ја спречите појавата на вишок сало во рацете е да внимавате на храната која ја јадете. Тоа значи дека треба да консумирате повеќе овошје и зеленчук.

Исто така, потребна ви е и храна која е богата со растителни влакна кои ќе ви помогнат да согорувате повеќе калории, односно да го забрзате вашиот метаболизам.

Внесувајте повеќе протеини и сложени јаглехидрати како што е скробот.

2. Јадете помали оброци

Подобро е да имате помали оброци во еднакви интервали одошто три или два големи оброка.

3. Појадувајте

Не го избегнувајте појадокот, ако го правите тоа, на крајот од денот ќе јадете многу повеќе отколку што е потребно.

4. Пијте повеќе вода

Големите количини на вода го забрзуваат вашиот метаболизам. Исто така, важно е да пиете вода пред самите оброци, бидејќи на тој начин ќе јадете помалку.

5. Пијте зелен чај

Започнете го денот со шолја зелен чај и понатаму во текот на денот добро е да испиете уште 3 до 4 шолји зелен чај. Така го забрзувате вашиот метаболизам.

6. Вежбајте кардио

Кардио вежбите се одличен начин како да согорите повеќе калории и да се ослободите од вишокот маснотии од целото тело. Можете да пливате, планинарите, скокате на јаже…

7. Избегнувајте го лифтот

На овој начин ќе согорите уште повеќе калории и ќе се чувствувате поздрави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi