Само една таблета на ноќна забава засекогаш му го сменила животот

27 ноември, 20150
1

Пред неколку дена, 20-годишниот Австралиец Џорди Хурдс на својот профил на Фејсбук објави фотографија од болница со објаснување дека консумирањето на МДМА му предизвикало сериозни здравствени проблеми.

Имено, по консумирањето на евтината таблетка екстази на една забава, ова момче доживеало исклучително лоша реакција и му бил оштетен мозочен нерв, а како последица на тоа сега тој пелтечи и чувствува тремор по целото тело.

– Не го сакам вашето сожалување, туку сакам да ви укажам на тоа дека ова може да им се случи и на други млади луѓе. Излегувањето и забавувањето, консумирањето на „рекреативни“ дроги може да се чини како добра идеја и не размислувате за тоа во колкава мерка тоа може да ви ги промени животите.

Јас сум среќен што сум воопшто жив, а уништен ми е мозочен нерв и се соочувам со тоа дека може цел живот да пелтечам – напиша Хурдс на својот профил на Фејсбук.

Откако неговата фотографија од болница стана вирална, тој одлучил да сними и видео запис во кој објаснил што му се случило.

Видеото за неколку дена го прегледале преку 2,5 милиони луѓе, а било споделено речиси 90.000 пати.

https://www.youtube.com/watch?v=fhcUK_R-Lac

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber