Лавот не заборава, го гушка човекот што го спасил!

27 јануари, 20150
Лавот не заборава, го гушка човекот што го спасил!

Валентин Грунер го спаси лавот Сирга од сигурна смрт откако неговиот чопор го напуштил уште кога бил младенче.

Лавот во знак на благодарност го прегрна Вал, а на лицето како да му се гледа насмевка.

Приказната за Сиргa и Валентин Грунер е една од најсподелуваните во 2014. година. На видеото се гледа како ѕверот му се фрла во прегратка на Вал, и досега овој куриозитет го видоа речиси 10 милиони луѓе на ЈуТјуб.

Нивното необично пријателство почнало кога Сигра го напуштил својот чопор и се соочил со сигурна смрт. Но Валентин го забележал и го однел во Боцвана.

Нивната „поврзаност“ трае и секогаш кога Вал ја отвора вратата од кафезот, Сирга го гушка.

И сега три години подоцна, лавот од 140 килограми и неговиот спасител останаа најдобри пријатели, а Валентин е номиниран од страна на Гугл за најинспиративна приказна во 2014 година поради работата со Сирга.

Нивната фасцинантна приказна е преточена и во документарен серијал со неверојатен пресврт – човекот мора да го научи лавот да лови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *