
Патот кон Санта Кларита во Калифорнија за само три дена се „згужвал“ и наликува на сцена од некој апокалиптички филм.
За сега не е откриена причината за оваа појава а локалните власти го затвориле патот.
Се претпоставува дека патот се излизгал и зафатил површина од 60 метри а некои делови на асфалтот се подигнале во височина од четири до пет метри. Зашто ова се случило никој не знае зашто овој период немало поројни дождови, нити земјотреси што би можеле да ја предизвикаат оваа појава.
„Ништо не ни е јасно. Нема знаци дека сеизмичката активност има врска со оваа појава“, изјавил Стив Фрашер портпаролот на Одделението за јавни поправки.