Опасности што се кријат зад депилацијата на интимната зона

popara13 ноември, 20151min00
3

Ако сакате стилизирање на својата долна фризура, сепак мора да бидете свесни за одредени ризици…

Без оглед дали станува збор за бричење или за депилација, многу стручњаци сметаат дека секој вид на отстранување на срамните влакна може да биде опасен за здравјето на жената. Имено, на овој начин доаѓа до иритација на кожата која веќе е чувствителна во овој дел од телото, па покачен е ризикот за настанување на инфекции и пренесување на полни болести.

Сепак, влакненцата не се без никаква намена. Напротив, ја штитат кожата од повреди, од бактерии, од триење и инфекции, особено во летните месеци. Имено, кога ќе ги отстраните влакненцата, кожата останува незаштитена затоа што освен што повеќе нема влакна, на кожата се јавуваат и ситни отвори, па не зачудува зачестеноста на воспаленија и инфекции во овој период од годината.

Водич за депилација на бикини зоната

Инфекциите се препознаваат благодарение на следните симптоми:

– Се појавуваат меурчиња кои можат да се прошират дури до стомакот или колковите
– фоликулитис
– брадавици
– враснување на влакна
– лузни
– цисти

Како што покажало истражувањето на американската лекарка Емили Гибсон, која неретко преку медиумите укажува на опасноста од депилација по здравјето на жената, иритацијата на кожата после депилација во комбинација со топлината и влажноста на интимната зона, го прави овој дел од телото плодно тло за создавање на инфекции.

Избегнете ги грешките при депилацијата на бикини зоната

Ако сепак не сакате да ги оставите влакната, потрудете се да ги преземете сите превентивни мерки за да го намалите ризикот од инфекции – депилирајте се само во проверени салони кои користат специјален восок за интимната зона (за една употреба), носете исклучиво памучна долна облека после депилацијата, воздржете се од секс веднаш по депилацијата, за да добие кожата можност да се опорави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *