Осумгодишно девојче случајно откри потенцијален лек за рак

2 февруари, 20150
3

Понекогаш, најсложените проблеми имаат наједноставни решенија.

Мајкл Лисанти и неговата сопруга се дел од научничкиот персонал на универзитетот во Манчестер и се бават со истражување на канцер. Нивната 8-годишна ќерка се има доста изнаслушано од нивните муабети за и околу ракот, па при една таква прилика, тие ја запрашале како таа би го излечила ракот.

„Па, со антибиотици, како кога ме боли грло“ – одговорило девојчето.

Сопружниците биле изненадени од едноставниот одговор, и решиле да ја испробаат таквата теорија. Неверојатно, но нивното истражување покажало дека некои од најопасните клетки на канцерот биле убиени од неколку нашироко-употребувани антибиотици. Извештајот е објавен во журналот Oncotarget, а малата Камила заслужено стои меѓу авторите на студијата.

Имено, доксициклинот, лек што се користи при третирање на акни, особено ветува во борбата против рак на дојка, простата, бели дробови и мозочни тумори. Професорот Лисанти земал антибиотска крема и ја намачкал на мал израсток на неговото лице. Набрзо, израстокот исчезнал, а натамошното истражување покажало дека здравите клетки не биле афектирани и оштетени.

Секако, потребни се дополнителни истражувања, но ако се покажат како успешни, антибиотиците би можеле да се покажат како примарно и евтино оружје во спречување на ширењето на канцерот, што е најчестата причина за смртност (од рак) кај луѓето.

Д-р. Метју Лам, од Breakthrough Breast Cancer, смета дека заклучоците од истражувањето на сопружниците Лисанти, иако сеуште во фаза на хипотеза, се многу интересни.

„Антибиотиците се евтини и лесно достапни и ако со тек на времето биде докажана поврзаноста помеѓу нивната употреба и отстранувањето на ракот, ова откритие би можело да биде прв чекор кон сосема нова сфера на лечење на канцерот“, вели Лам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *