Ова е новата “мечка”

12 јануари, 20150
x-default
Mercedes го тргна превезот од својот нов концепт-автомобил на CES конференцијата во Лас Вегас. Вака изгледа токму нивниот Луксуз во движење (Luxury in Motion).

Луксуз во движење (Luxury in Motion), како уште и го нарекуваат Германците, има огромен простор во кабината бидејќи во Mercedes сметаат дека луѓето во иднина ќе уживаат во автомобилите, додека автомобилите сами возат, пренесува веб страницата Verge.


Германскиот производител осмисли кабината да има ротациони седишта со чија помош патниците ќе можат да се свртат едни кон други.

Во внатрешноста има голем број на екрани кои ќе ви овозможат да комуницирате со автомобилот, да прилагодите многу дополнителни можности како на пример осветлувањето, музиката и останатите забавни содржини.

 


F 015 е поприлично лесен за својата големина, благодарение на користењето на пластични легури кои се дополнително зајакнати со карбонски влакна.

Луѓето од тимот на Mercedes сметаат дека во иднина како гориво главно ќе се користи водородот, па погонот на овој автомобил е планиран токму во тој правец.

 

https://www.youtube.com/watch?v=ryRQtKLpAGQ

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi