Валкани трикови: Што сè прават трговците за да продадат стар производ
12 јануари, 20150
Трговците, посебно оние малите, користат разни трикови за да продаваат стари производи. И…најчесто успеваат во тоа.
За разлика од европските маркети во кои на посебни гондоли храната пред истекот на рокот на траење се продава по цена пониска и од 70 проценти, српски “Blic” вели дека овој начин на продажба речиси и да не постои во Србија. Трговците, посебно оние малите, користат разни трикови за да продаваат стари производи. И…најчесто успеваат во тоа.
Лимонтус и камилица за свеж изглед на месото – За да изгледа посвежо, во месото се додава лимонтус и витамин Ц, кои на вештачки начин го продолжуваат рокот на траење. Исто така, пилешкото, свинското и јунешкото месо се мачкаат со чај од камилица, за да го изгубат непријатниот мирис.