Селјак со Масерати се бања и посипува со пари

12 јануари, 20150
01
Петре Краете е романец кој се преселил во Велика Британија за да работи како телохранител. Тој вели дека во таа професија заработува толку многу што не знае што да прави со парите. За тоа да го докаже, тој на ЈуТјуб објавил видео во кое држи огромен куп на пари, потоа објаснува како не му ги собира во џебовите, ги пика во маица и најпосле ги расфрла низ собата.
Поради неговата тенденција да купува луксузни работи, британските медиуми го нарекоа Селјачиштето со Maseratti.
– Мојата најголема грижа кога немам работни ангажмани е каде да најдам паричник доволно голем за да ги ставам сите пари во него. Реалноста е дека имам толку многу пари што не знам каде да ги ставам. Во Романија јас никогаш не сум имал пари, а сега имам толку многу што дури неможам да ги носам во паричник. Да ги ставам во ногавиците од панталоните, нема да можам да одам, се фали нинџа Пит, како што го нарекуваат неговите клиенти во Велика Британија.
httpv://www.youtube.com/watch?v=pVwGAMl4rSc
Тој почнал да работи како телохранител во Англија во 2011 година за познатиот британски борец Алекс Рид, кој го поврзал со голем број на ѕвезди во Велика Британија. И поранешната сопруга на Алекс, Кејти Прајс, имала удел во неговиот успех затоа што го запознала со голем број британски старлети и модели кои го најмувале, па Петре, како што самиот вели, заработува богатство за само четири часа работа на ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi