Главното правило на актуелниот претседател на Русија, Путин, кога станува збор за надворешна политика, кое го воспоставил уште во детството на улиците на Ленинград гласи: „Ако борбата е неизбежна, удри прв“ – пишува коментатор на италијанското Giornale, а пренесува Спутник.
Иако на територијата на Русија живеат претставници на разни вероисповести, меѓу кои и муслимани, рускиот претседател вешто наоѓа рамнотежа која ја исклучува можноста на религиозни судири во земјата.
– Тоа е вистинскиот Путин – од едната страна се бори против терористите на Даеш, а од друга страна ја отвора најголемата џамија на светот. Во еден од своите говори Путин ги истакна разликите на умерениот ислам и тероризмот – изјавувајќи дека Даеш (ИСИС) ја компромитира исламската религија со идеологија заснована на лага – додава коментаторот.
Тој нагласува и дека рускиот претседател ја почитува историјата и традицијата во кои христијанската религија земала централно место во „срцето на рускиот човек“, поради што ја поддржува Руската православна црква.
– Не треба ниту да се потценува сојузот на Путин со римскиот папа Франциско. Тие се сретнаа два пати, со што предизвикаа сериозна загриженост кај претседателот на САД, Барак Обама – тврди аналитичарот.
Сепак, во борбата против џихадизмот Путин настапува одлучно.
– Правилото на рускиот претседател дека треба да се удри прв ако борбата е неизбежна го прави лојален сојузник во очите на претседателот на Сирија, Башар ел Асад, и придонесува кон дијалогот со опозиционите сили во Сирија – додава аналитичарот.
– Со своето движење по шаховската табла на Сирија, Путин го збуни Западот, неизбежно враќајќи ја Русија во редот на клучните соговорници на САД и Европа. Ако постигне успех во борбата против Даеш, рускиот лидер би можел да смета на укинување на апсурдните санкции на Западот – пишува аналитичарот и додава:
– Играјќи на вистинската карта, Путин успеа, без оглед дали тоа му се допаѓа на некого или не, и го врати статусот на голема империја за Русија.