Самсунг на преклопување

4 декември, 20150
15

Samsung подготвува нешто големо кога станува збор за паметните телефони на преклопување, „сорта“ која не е премногу застапена на пазарот. Корејскиот гигант би можел да направи вистински бум со новиот модел.

Наречен Samsung W2016, станува збор за импресивен уред кој има скоро идентични спецификации како Galaxy S6. Телефонот поседува 2 екрани со големина од 3,9 инчи и HD резолуција од 1280 x 768 пиксели. Во внатрешноста се наоѓа моќниот octa-core Exynos 7420 процесор, кој работи на 2,1GHz и е надополнет со високи 3GB RAM меморија.

Телефонот поседува и простор за складирање на податоци од 64 гигабајти, како и 16 мегапикселна камера со LED блиц, односно истата од Galaxy S6 и Galaxy Note 5. Предната камера е со големина од 5 мегапиксели и широко-аголна леќа.

Изработката е со премиум материјали, односно метална рамка и стаклено куќиште од предната и задната страна. Телефонот доаѓа во две бои – златна и сребрена, а работи на Android 5.1.1 и поддржува безжично полнење.

Цената засега е непозната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber