Се породи пред пет дена а изгледа неверојатно добро

8 декември, 20150
4

Излегов како нова од болница. Не можам да поверувам дека станав мајка на прекрасно девојче кое е родено пред пет дена. Јас сум исполнета жена – напишала старлетата, која ќерката ја доби со славниот рапер и актер Ајс Ти.

Коко и Ајс Ти веста дека ќе станат родители ја објавија во своето реално шоу. Иако одвај го чекале раѓањето, малата Шанел дошла на свет една недела порано, поради што родителите биле изненадени.

– Изненадување. Погледнете кој пристигна. Добредојде, Шанел Никол. Прекрасно, здраво девојче, тешко 2,6 килограми и долго 46 сантиметри. Ајс и јас сме многу горди. Плачев додека се пораѓав, бидејќи бев возбудена што ќе ја запознаам – напишла пред пет дена Коко на Твитер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *