Тиркизно богатство скриено во џунглата

16 февруари, 20150
6
Светските патници знаат дека дел од најубавите места во светот се тешко пристапни, но сите се согласуваат дека секој напор вреди за глетката која остава без здив. Таков е и случајот со оваа помалку позната туристичка атракција.

Имено, скриен длабоко во џунглата Гватемала се наоѓа тиркизниот рај исполнет со природни базени, пештери и помали водопади. Станува збор за “Semuc Champey”, место до кое што не е едноставно да се пристигне, но вложениот труд и тоа како вреди!

 

 


Овој споменик на природата сепак, најупорните кои ќе успеат да пристигнат до него ги наградува со уживањето во фантастичните тиркизни базени, големата мрежа од пештери големиот број на подземни слапови.

 

https://www.youtube.com/watch?v=8c0N04qQGeo

Посетителите кои што ќе одлучат да ангажираат и туристички водич, што им се препорачува на сите туристи, најпрво се загреваат со скокање во реката со помош на специјално јаже, а потоа добиваат свеќа и поголем дел од денот можат да уживаат лутајќи низ пештерите.

 

 

 

 


Откако конечно ќе излезат на површината, посетителите ги очекува долгата прошетка низ патеките во џунглата и прекрасната шума, се додека не пристигнат до крајната активност – релаксирачкото бањање во тиркизните природни базени.
 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi