Топ 5 скијачки центри во Франција и Швајцарија

30 декември, 20150
14

Многу скијачи се заситени од скијачките центри во регионот каде стазите ги знаат на памет, а попладневната и вечерната забава им е досадна и веќе многу пати видена.

Да добиете награда дека сте најдобар скијачки центар подразбира средена инфраструктура, одлични пристапни патишта и паркинзи за автомобили, добри скијачки стази, доволен број на брзи жичари, добра проодност на жичарите, одлично сместување за сите класи на скијачи, одлична снабденост на дуќани и продавници, врвно одржување на стази, убава природа и ред други работи. Услов за најдобар скијачки центар во Европа подразбира уживање на стаза а не сместување во супер луксузен хотел. Ви ги претставуваме најдобрите скијачки центри во Швајцарија и Франција.

 

1.Валдизер Франција

Преубаво место кое се наоѓа на Алпите во јужноисточниот дел на Франција на само 5 км од граница со Италија и на околу 1800 метри надморска височина.

2.Корчевел Франција

Корчевел ски центарот се наоѓа на Француските Алпи и е најдобро вмрежен ски центар во Европа каде со жичари и ски лифтови лесно и брзо се префрлате од една стаза на друга. На располагање ви стојат 150 км стази за скијање кои ги опслужуваат 58 лифтови. Доколку сте почетник може да скијате на 19 зелени и 35 плави стази, а доколку веќе сте добар скијач ве чекаат 34 црвени и 8 црни патеки.

3.Давос Швајцарија

Давос е највисок населен град во Европа,како што е Крушево за Македонија. Рекордер и по должина на патеки, со вкупна должина од 320 км. Претставува еден од најмонденските ски центри во Швајцарија.

4. Цермат Швајцарија

На југот на Швајцарија се наоѓа Скијачкиот Центар Цермат кој претставува рај за алпско скијање. На 360 км долгите стази , може да се искачите на врвот Матерхорн на 3833 метри надморска височина од каде имате преубав поглед на Алпите.

5.Ст.Мориц Швајцарија

Сент Мориц е лоциртан во источниот дел на Швајцарија и центарот е сместен на 1820 метри надморска височина а највисоката жичара ве носи до 3305 метри надморска височина. Познат е и по тоа што бил два пати домаќин на Зимските Олимписки игри во 1928 и 1948 година

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi