Вежби за затегнување на бутовите

1 декември, 20150
14

Еден од деловите на телото кое е најтешко да го обликувате се внатрешниот дел на бутовите, затоа што во овој ден се создава најмногу целулит , па затоа треба доста работа.

Vezbi-za-zategnuvanje-na-vnatreshniot-del-na-butvoite-001.jpg

Еве 5 вежби со кои ќе ги затегнете и обликувате бутовите:


1. Лулање

Vezhbi-za-zategnuvanje-na-vnatreshniot-del-na-butvoite-02.jpg

Направете расчекор и исправете ги рацете во висина на рамениците, па потоа во таа положба подигнете ја ногата и лулајте се лево – десно. Внимавајте стапалото да ви биде подигнато, додека рацете треба да ви останат цело време во истата положба за да одржите рамнотежа. Истото правете го и со другата нога.


2. Сумо чучнувања

Vezhbi-za-zategnuvanje-na-vnatreshniot-del-na-butvoite-03.jpg

Почетната положба е во широк расчекор, додека нозете треба да бидат под агол од 90 степени. Рацете ви се вкрстени пред градите. Подигајте се на прсти на левата па потоа на десната нога. На секоја нога повторете ја вежбава 10 пати.


3. Вкрстен исчекор

Vezhbi-za-zategnuvanje-na-vnatreshniot-del-na-butvoite-04.jpg

Наместо да правите класичен исчекор правете вкрстен исчекор. Внимавајте со исчекорот рацете да ви ги пратат нозете, како кога трчате. Вежбата повторете ја 10 пати.


4. Широки чучнувања

Vezhbi-za-zategnuvanje-na-vnatreshniot-del-na-butvoite-05.jpg

Станува збор за класичните чучнувања. Важно е грбот да ви биде исправен, а задникот треба да ви е на надвор. Спуштајте се што е можно пониско, но внимавајте телото да ја задржи правилната положба.


5. „Магарешки шут“

Vezhbi-za-zategnuvanje-na-vnatreshniot-del-na-butvoite-06.jpg

На оваа класична вежба има мал додаток – вртење на стапалото во спротивната страна на која се наоѓа кренатата нога. Вежбата треба да ја повторите 30 пати, но да внимавате стапалото постојано да ви обратно од кренатата нога.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber