10 производи кои го чистат црниот дроб и го забрзуваат метаболизмот

16 јануари, 20160
19

Масната и пржена храна, нездравите пијалоци, алкохолот и лековите се главни непријатели на црниот дроб кој во нашиот организам има улога на филтер и го чисти од штетните материи. Но, токму поради значајната функција која ја има, црниот дроб може да биде исклучително оптоварен што може да предизвика здравствени проблеми.

Со оглед на тоа што тој е поврзан со нашиот нервен систем, заболениот црн дроб нема да ни задава болка и со самото тоа тешко е болеста да се открие. Но, добрата вест е дека тој се регенерира и скоро секоја штета може да се исправи.

Производи кои го чистат црниот дроб:

1. Лук – поттикнува создавање на ензим кој му помага на телото да ги исфрли отровните материи;

2. Цитруси – тие се богати со витамин Ц, силни антиоксиданси кои му помагаат на црниот дроб побрзо да ги апсорбира штетните материи;

3. Цвекло и морков – двете се богати со флавоноиди и бета каротен. Ја стимулираат работата на црниот дроб;

4. Зелен чај – силен антиоксиданс кој го чисти организмот;

5. Зелен лиснат зеленчук – спанаќ, кељ, блитва и зелена салата се полни со хлорофил и се многу влијателни неутрализатори кои ги исфрлаат отровните материи од крвотокот;

6. Ананас – преполн е со витамин Ц и делува како природен деуретик кој го ослободува телото од токсини;

7. Нане – листовите од нане се богати со флаваноиди кои делуваат како силен антиоксиданс;

8. Ѓумбир – многу моќен антиоксиданс кој го забрзува метаболизмот и помага да се исфрлата маснотиите од телото;

9. Ореви – содржат голема количина на OMEGA 3 масни киселини кои ја забрзуваат детоксикацијата на организмот;

10. Зелка – токму како и брокулата, зелката силно делува на ензимите кои ја регулираат работата на црниот дроб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi