Баталете ги кремите, сексот е лек за „пеглање“ на брчките

8 јануари, 20160
6

Жените веќе по триесеттите години почнуваат да размислуваат за брчките и за годините, сакајќи што подолго да изгледаат младолико и свежо.

Во потрага за најдобри методи, неретко се одлучуваат за третмани на многу скапи подмладувачи и креми, а незанемарлив е и бројот на оние кои поради младост одат чекор подалеку, вбризгувајќи ботокс во порите или пак подлегнувајќи на хируршки зафати.
Меѓутоа, ниту едно, ниту другото, ниту пак третото нема да ви треба, доколку покрај себе имате добар партнер за секс.

Неодамнешните истражувања докажале дека одредени секс – пози ги бришат годините од лицето, па запознајте со три положби кои ќе ве подмладат подобро отколку било кој вештачка метода. Во прашање се: Мисионерска поза, лотус поза и позата во која нозете на жената се подигнати на рамената на партнерот.

Се прашувате како овие пози подмладуваат, еве објаснување. Со самото тоа што за секс е потребно многу енергија, акцијата под чаршавите се смета за еден вид аеробни вежби.

Тоа значи дека сексот ја поттикнува циркулацијата и го јакне имуниот систем, а со самото тоа и доведува до подобра циркулација на лицето, што обезбедува младешки изглед.

Сексот истовремено ослободува од стрес, а познато е дека нервозата и напнатоста го забрзуваат стареењето.

Истовремено, луѓето кои имаат активен сексуален живот често се смеат и се чувствуваат полни со самодоверба, а познато е дека оптимистите и среќните луѓе изгледаат помладо од оние намрштените и негативните.

Затоа нема причина уште денеска да не почнете со најзабавниот, најздравиот и најефикасниот начин за „пеглање“ на брчките од лицето, а ако имате секс барем четири пати неделно ќе изгледате помладо за 10 години, за разлика од оние жени кои немаат активен сексуален живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi