Иако налик се беше во најсовршен ред во љубовта помеѓу холивудскиот актер Бредли Купер (41) и руската манекенка Ирина Шаек (30), но двојката по безмалку една година сепак наводно одлучи да ја раскине врската – пишува Дејли Маил.
Бредли и Ирина во последно време била неразделни, па дури планирале да започнат и заеднички живот.
Извор близок до парот рекол за светските медиуми дека Бредли бил тој којшто одлучил да стави точка на нивната врска, бидејќи помеѓу Ирина и неговата мајка Глорија Кампано веќе подолго време имало недорабирања.
– Ирина мислеше дека таа и Бредли ќе потраат, бидејќи сè беше во ред помеѓу нив. Во врската им беше совршено, но од Божик нивниот однос се влоши – рекол изворот.
Според неговите зборови, Ирина и Глорија имале конфликт уште од самиот старт. Познато е дека Бредли е екстремно близок со својата мајка. Во секој случај, Бредли одлучил да застане на мајчината страна, а како што веќе е познато, на Бредли му е најбитно нејзиното мислење за сè, па дури и во изборот на партнерка.
– Тие две беа во коректен однос извесно време, но колку што повеќе време поминуваа заедно, тоа стануваше сè полошо. Нивните расправии веднаш влијаеја на самиот однос помеѓу Бредли и Ирина – објаснува извор близок на двојката за британскиот таблоид „Сан“.
Но, веќе се шпекулира дека Ирина ја преболела старата љубов и нашла утеха во моделот Стивен Џејмс, со кого многупати работела кампањи.