Децата во Европа се незаштитени од рекламните пораки

9 ноември, 20160
1

Децата во Европа се бомбардирани со скриени дигитални реклами и маркетинг што ја промовира масната, преслатка и пресолена храна која лошо влијае на нивното здравје и го зголемува проблемот со дебелеењето во овој дел на светот, соопштиjа  експертите на Светската здравствена организација.

Истражувачите кои дојдоа до овој заклучок, ги повикаа општествените заедници и институции да ги заштитат децата од рекламни пораки на социјалните мрежи кои се содржани во игрите познати како  „адвергејмс“, како и заштита на децата низ другите медиуми.

„Адвергејмс“ е видеоигра која, на некој начин, содржи реклама за производ, услуга или компанија.

Некои игри се создадени само со цел на рекламирање на компании и тие се дистрибуираат бесплатно како маркетиншка алатка.

Во други случаи, компанијата може да се јави како спонзор на некоја игра во која ќе биде вградена рекламна порака, така што, на пример, главниот лик од играта пие одреден пијалок, или минува покрај знак на некоја компанија.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma