Истражувањата на универзитетот во Аризона покажаа дека типична канцелариска маса може да „нагости“ и до десет милиони бактерии, дури 400 пати повеќе од просечна тоалет шолја. Тие кои се поуредни и кои мислат дека масата им е доволно чиста што на неа може дури и да се јаде, ги чека гаден шок. „За бактериите, масата е многу луксузна трпеза“, вели Др. Карлс Герба, микробиолог од Аризона, кој ги водеше овие истражувања. „Гозбата трае цел ден, од појадок, преку ручекот, па сé до вечерата, количината на бактериите драстично се зголемува во тек на денот, а ‘шпиц’ им е, се разбира, за време на ручек. Телефоните се апсолутни шампиони по количеството на бактерии кои живеат на нив, дури 3.740 по квадратен сантиметар на една просечна телефонска слушалка, а следат компјутерските држачи со 3.250 бактерии по квадратен сантиметар“.
Не се сигурни ниту работниците кои користат електронска пошта. На просечна тастатура може да се најдат 511 бактерии по квадратен сантиметар, а 250 на глувчето. Само за споредба – квадратен сантиметар на просечната тоалет шолја има само 8 бактерии.
Сепак, не е сé така црно. Редовно чистење со средства за дезинфекција драстично ќе ја намали можноста да се заразите на работно место, а ако баш морате да ручате во канцеларија, послужете се со фотокопир машината. Со 11 бактерии по квадратен сантиметар, таа е апсолутно најчисто место што можете да го пронајдете во канцеларијата.