Кинеска компанија за производство на возови (CRRC) објави дека е започната работа на нов брз воз.
Тој треба да ги сруши рекордите за брзина и да се движи со 600 км / ч. Ова ќе биде зачително побрзо од секој воз во историјата, пишува онлајн изданието The Verge, повикувајќи се на информација од кинеската новинска агенција Xinhua.
Во моментов најбрзо во светот се превезуваат патниците меѓу Шангај и меѓународниот аеродром Пудонг, односно со брзина од 430 км / ч. Идниот воз на CRRC ќе биде готов за неколку години.
Кина има најголема инфраструктура за брзи возови во светот или скоро 20 000 км.
Минатата година воз во Јапонија постави нов светски рекорд со брзина од 589 км / ч.